Во време на големи светски кризи како актуелната со COVID-19 или финансиската криза во 2008 година, економистите, централните банки и владите неретко како потенцијално решение за извлекување на економијата од неприликите, спомнуваат „пари во хелихоптер“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оваа мерка ја најави како една од можните во економскиот пакет што треба да им помогне на стопанството и на граѓаните - дека државата размислува да им подели на своите полнолетни граѓани по 100 евра, спомнувајќи во тој контекст „пари од хелихоптер“.
А што тој поим, кој прв го употреби економистот Милтон Фридман во 1969 година, всушност значи?
„Пари од хелихоптер“ е неконвенционална монетарна политика, која понекогаш се предлага како алтернатива за квантитативно ублажување (кога централната банка откупува државни и корпоративни хартии од вредност, како би ја поддржала економијата кога е „во тесно“ со ликвидноста).
Според Фридман, централните банки секогаш ќе ја имаат на располагање можноста за печатење пари, а со тоа и „фрлање пари од хелихоптер“, како можен начин да ја поттикнат потрошувачката како една од моќните алки за придвижување на економската активност и стопанскиот раст. Значи, не станува збор за вистинско фрлање пари од хелихоптер, туку за тоа дека централната банка трансферира утврден износ директно на сметките на правните и на физичките лица, за да ја поттикне потрошувачката.
Економистите на „Дојче банк“ во 2016 година дојдоа до заклучок дека „пари од хелихоптер“ може да биде значително поефикасна мерка од традиционалните средства на монетарната и фискалната политика.
*Извор: novosti.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.