„ПИК Винковци“ и „Конзум“ им овозможуваат на земјоделците и малите производители во Хрватска дистрибуција и пласман на производителите во време на кризата предизвикана со корона вирусот.
Компанијата „ПИК Винковци“ ги повикува земјоделците да ги достават производите до нивните откупни центри, а таа ќе се погрижи за безбедна дистрибуција на производите. Земјоделците, поради вонредната состојба ќе имаат можност да ги пласираат своите производи во малопродажната мрежа на „Конзум“. Иницијативата е поттикната од „Фортенова груп“, а во соработка со Стопанската комора и Министерството за земјоделство.
Партнерството што „ПИК Винковци“ им го нуди на малите домашни производители, на кои поради затворањето на малите продавници им е загрозена егзистенцијата, обезбедува нови продажни канали. Оваа компанија има одлична соработка со повеќе од 500 кооперанти. Истовремено „Конзум“ станува најголемиот национален малопродажен канал кои им нуди пласман и на оние кои досега главно ги нуделе производите на локалните заедници и продавници.
Поврзувајќи ги нашите клучни сегменти на работње направивме важно поврзување и платформа за зачувување на малите хрватски земјоделци. Со осигурување на алтернативни дистрибуциски и продажни канали, во околности на ригорозни мерки поради вирусот корона, докажуваме колку ни се значајни малите производители, истакна Фабрис Перушко, главен извршен директор на „Фортенова груп“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.