Регион

„Виолета“ донира 6 респиратори и заштитна опрема

29 Mar 2020

Компанијата „Виолета“, која од претходно е веќе позната по општествената одговорност, овојпат одлучи да им помогне на болниците во БиХ.

За да им помогне на болниците, но и за да се обезбеди соодветна заштита за медицинските лица и пациентите во борбата со вирусот корона, компанијата донираше: 100.000 парчиња заштитни маски, 5.000 парчиња маски за медицинските лица, 15.000 парчиња заштитна облека, 200.000 парчиња заштитни ракавици, 200.000 заштитни навлаки за обувки, заштитни наочари и штитници за лице.

Вкупната вредност на донацијата изнесува повеќе од 200.000 евра.

Од „Виолета“ особено се благодарни на докторите кои им помогнаа во изборот на соодветната опрема и им порачуваат на компаниите дека се подготвени да ги споделат контактите и цените со оние кои се подготвени за набавка на ваква слична опрема.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...