Регион

По реструктурирањето Андраж Туш на водечка позиција

08 Jan 2020

Групацијата „Туш“ се наоѓа во процес на реструктурирање, во кое финансиските доверители („Алфи фонд“) ќе станат нови сопственици на оваа групација, додека семејството Туш останува со минимален удел во сопствеништвото.

Финансискиот фонд „Алфи“, преку подружницата „Роблек“ успеа да генерира повеќе од половина од побарувањата на групацијата „Туш“, во износ од 270 милиони евра.

Непосредно пред новогодишните празници објавено е дека „Алфи фонд“ постигна договор за поделба на имoтот со „БКС банка“ и со „Горењска банка“, кои имаат петина од побарувањата кон „Туш“. Тие банки станале сопственици на значителен дел на недвижнините на оваа групација, а со изнајмувањето на просториите планирана е отплата на побарувањата.

Андраж Туш е веќе неколку години дел од групацијата „Туш“ на различни функции, а минатата година ја презема функцијата генерален директор. Во групацијата, меѓудругото бил директор за маркетинг, кога и воспоставил одржлива стратегија за компанијата, а одговорен е и за нејзиниот одржлив развој. Како дел од менаџерскиот тим спроведе долгорочна стратегија за работење на „Туш“ која во целост е фокусирана на најважната активност - трговијата.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...