Регион

„Певец“ на вработените им исплаќа стимулација во висина на една плата

24 Dec 2019

Управата на компанијата „Певец“ донесе одлука според која следната недела на вработените во своите пет најуспешни продавници ќе им исплати дополнителна стимулација во висина од една плата.

Ова следува откако пред неколку дена „Певец“ традиционално им даде на работниците и додаток за Божиќ во висина од по 1.000 куни (околу 135 евра). 

За најуспешни беа прогласени маркетите во Сисак, Вараждин, Осиек, Кутина и Карловац. Покрај нив, „Певец“ ќе ги награди и вработените во продажните центри во Славонски Брод, Копривница, Вировитица и Бјеловар, со стимулација од по половина плата како дополнителна мотивација за добри продажни резултати. 

Со овој гест сакаме да им покажеме на нашите вработени дека го цениме нивниот придонес и сето тоа што тие го прават за компанијата, изјави Јурица Ловричевиќ, претседател на Управата на „Певец“. 

Годинава, освен додатокот за Божиќ и стимулациите, „Певец“ на вработените им исплати и регрес во висина од по 1.000 куни, додаток за Велигден по 500 куни, надомест за раѓање дете во висина од 4.000 куни и божиќни подароци за деца во вредност од по 600 куни за дете. 

Од компанијата велат дека со оваа програма за наградување, „Певец“ ја продолжува стратегијата за подигање на стандардот на своите вработени, верувајќи дека токму тие се најголемиот капитал. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...