Регион

„Суноко“ ќе инвестира милион евра во истражувачки центар

20 Dec 2019

Компанијата „Суноко“ најави дека ќе формира истражувачки центар за шеќерна репка. 

Целта ќе биде подобро да се едуцираат производителите пред производството следната година. Истражувачкиот центар ќе се занимава со примена на истражувањата од технологијата за производство на оваа култура. Во него компанијата ќе инвестира еден милион евра. 

Оваа инвестиција е значајна за да се обидеме производството на шеќерна репка да го кренеме на повисоко ниво. Гледаме голем потенцијал во оваа гранка на земјоделството и затоа сме подготвени да инвестираме, нe само во нашите партнери, туку и да го споделиме тоа знаење со сите оние кои сакаат да ги зголемат приносите од шеќерна репка на своите ниви, изјави Слободан Кошутиќ, директор на компанијата. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...