Регион

Хрватска: 1.400 работници во КТЦ нема да работат во недела

05 дек 2019

Хрватскиот трговски синџир КТЦ, каде што се вработени 1.400 луѓе, одлучи недела да биде неработен ден.

Според раководните лица на трговскиот синџир, ова ќе биде дополнителна мотивација, како што беше неработењето за верските празници, одлука донесена пред три години.

Одлуката за неработење во недела ќе почне од 1 јануари 2020 година.

Ако вработените ги гледате како членови на големо семејство, тогаш треба да ги третираме така и на работа. Им овозможуваме неделата да ја поминат со своите сакани, а воедно наша желба е професијата трговец повторно да стане атрактивна. Укинувањето на работењето за верските празници за нив е нешто што не може да се плати со пари, изјави Ивица Катавиќ, претседател на Управниот одбор на КТЦ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...