Регион

Трговците избраа 100 MUST HAVE производи во БиХ

05 дек 2019

Редакцијата на магазинот InStore - БиХ, со помош на трговците од земјата, организираше избор на најдобрите производи кои ја добија титулата must have.

Гласањето траеше еден месец, а најдобро оценетите, магазинот InStore ги претстави на третиот по ред настан, кој беше збогатен со присуството на претставници и носители на водечката индустрија во БиХ, FMCG-индустријата.

Во целиот процес на избор учествуваа 7.000 различни профили на продавници, тоа е бројот на објекти со кои комуницираме во текот на годината. Директно контактиравме Топ 50, а од нив 20 ни испратија извештаи директно од својата база. Така ја креиравме листата Must Have производи за 2020 година кои секоја продавница треба да ги има, истакна Самира Муратовиќ, директорката на агенцијата „Алтермедија“, издавач на InStore за БиХ.

Овој проект има за цел да ги насочи брендовите и производите кои заслужуваат внимание, бидејќи се лидери во категориите и го развиваат и осигуруваат континуитетот на одредени категории.

На официјалниот настан беа доделени признанија на добитниците на титулата must have, од страна на претставници на трговските синџири: „Бинго“, „Меркатор“, „Конзум“, dm, „Амко“, „Бест“, „Зворничанка“, „Оногошт“ и „иНовине“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...