Регион

Хрватски „Певец“ ќе го смени името

10 Oct 2019

Можна е промена на називот на хрватскиот трговски синџир „Певец“, најави Јурица Ловринчевиќ, претседател на Управата на „Певец“. 

Тој најави дека ќе му предложи на Главното собрание промена на називот на компанијата за истата да се ослободи од „сенката“ на минатото и од поранешните сопственици. 

Пред извесно време, компанијата ја доби правната битка против семејството Певец во судски спор што траеше четири години. Семејството тужеше поради кршење авторски права (употреба на името Певец). 

Ловринчевиќ смета дека називот треба да се смени токму поради негативниот пи-ар. 

Засега постојат неколку верзии на новиот назив. Ако Надзорниот одбор даде зелено светло, до крајот на годинава ќе ја запознаеме јавноста со новиот назив. Конечната одлука ќе ја донесат акционерите, изјави тој. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...