Регион

„Делта ДМД“ добитник на две награди од „Дијаџио“

02 Oct 2019

Компанијата е добитник на две од четирите награди од „Дијаџио“ кои им се доделуваат на партнерите во кластерот „Европски партнерски пазари“ (EPM - Europe Partners Market).

На годинешната конференција на „Дијаџио“, одржана неодамна во Букурешт, на „Делта ДМД“, официјалниот увозник и дистрибутер на портфолиото на оваа светска компанија за пазарите Србија и Црна Гора, ѝ додели две награди. Наградата Excellence in premium core ја доби за активноста на брендот Johnnie Walker, додека наградата Excellence in Net Revenue Management” за активноста за зголемување на пазарниот удел без корекција на цените на Johnnie Walker.

Категоријата Excellence in premium core претставува најпрестижна категорија на награди, а номинациите за наградата се од партнерите и дистрибутерите на светскиот производител на пијалаци, за брендовите Johnnie Walker, Smirnoff, Baileys, Captain Morgan and J&B.

Конференцијата на „Дијаџио“ е традиционален настан кој ги собира сите партнерски компании од европскиот пазар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...