Регион

„Делез Србија“: За 70 отсто е намалено купувањето пластични кеси

12 Sep 2019

Во маркетите на трговскиот синџир „Делез Србија“ од април минатата година досега за 70 отсто е намалено купувањето пластички кеси за еднократна употреба. 

„Делез Србија“ лани почна да ги наплатува кесите по цена од два динари, со цел да ги демотивира купувачите да ги користат и да придонесе кон зачувување на животната средина. 

Порасна продажбата на платнени торби и се враќа навиката тие да се користат. Целта ни е да ја намалиме пластиката во работењето. На ниво на групација, имаме јасна стратегија за одржливост при работењето и за тоа пластиката што се користи да може да се рециклира, изјави Милица Поповиќ, менаџерка за корпоративни комуникации во „Делез Србија“. 

Парите од досегашната наплата на пластичните кеси, компанијата ги вложи во различни проекти. Меѓу нив се отворањето на три еколошки макси супермаркети и рециклирање на 11.000 тони амбалажен отпад. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...