Никој не се јави на огласот за продажба на имотот на компанијата за производство и преработка на зеленчук, овошје и месо, АД „Будимка“ од Пожега, Србија, информираа од српската Агенција за линценцирање стечајни управници.
Ова беше втор обид да се продаде некогаш познатата фабрика.
Рокот за уплата на депозит и достава на банкарска гаранција беше 3 септември. Со оглед на тоа дека немало заинтересирани, Агенцијата го прогласи јавното наддавање за неуспешно.
Во Одборот на доверители размислуваат како следен чекор, да се обидат да ја продадат фабриката со непосредна спогодба.
Почетната цена на „Будимка“ е 560 милиони динари. Компанијата поседува производствен комплекс за преработка на овошје и зеленчук, кланица и деловни простории во Пожега.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.