Сараево ќе биде домаќин на најголемиот саем за халал производи во Југоисточна Европа, што ќе се одржи од 26 до 28 септември во сараевскиот центар „Скендерија“.
Организаторите („Босна Банк Интернешнл“ и „Исламска развојна банка“) очекуваат повеќе од 100 излагачи од регионов и од светот и над 10.000 посетители.
По презентацијата во Хрватска на можностите што ги нуди саемот, интерес покажаа некои од најголемите хрватски компании, како што се „Краш“, „Гавриловиќ“, „Подравка“, „Виндија“ и други.
Побарувачката за халал-производи и услуги бележи забрзан раст. Саемот е прилика за производителите, но и за давателите на услуги кои се халал-сертифицирани да се претстават пред дистрибутери и увозници од цел свет, но и пред локалниот пазар кој се повеќе бара производи со халал сертификат, изјави Дино Селимовиќ, директор на маркетинг и комуникации во „Босна банк Интернешнл“, по презентацијата на саемот во Стопанската комора на Хрватска.
Проценките се дека светскиот халал-пазар брои повеќе од 1,5 милијарди потрошувачи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.