Регион

„Нектар“ почна со органско производство на јаболкa

10 Jul 2019

Компанијата „Нектар“ ја отвори најголемата органска плантажа за јаболкa во Владичин Хан, Србија. 

Плантажата се протега на 114 хектари.

Ова е уште еден голем чекор во долгогодишната определба на компанијата да произведува здрави производи со додатна вредност за своите потрошувачи во Србија и ширум светот. Денес со гордост ја отвараме најголемата плантажа за органски јаболка во Србија. Тие ќе се користат за производство на детската храна на брендот Frutek, на органските сокови Life и за органски цедени сокови, први на пазарот, изјави Михајло Јанковиќ, генерален директор на „Нектар“.  

Тој очекува дека приносот во првата година ќе биде околу 500 тони јаболкa. 

Во опремата и во садниците досега се вложени 200.000 евра. Во следните четири години, инвестицијата ќе достигне 500.000 евра. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...