Регион

Потрошувачи од цел свет ја дизајнираа новата етикета на „Вегета“

08 Jul 2019

Вкупно 32.000 предлог дизајни пристигнаа до „Подравка“, откако компанијата ги повика своите потрошувачи да учествуваат во наградна игра со тоа што ќе креираат сопствена етикета за „Вегета“. 

Наградната игра е по повод прославата на 60-тиот роденден на овој бренд.

Воодушевени сме од одзивот на нашите потрошувачи и од креативноста што ја покажаа при креирањето на етикетите. Во наградната игра, која се одвиваше во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се пријавуваа и потрошувачи од Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Германија, Франција, Ирска, Италија, Словенија, САД, Холандија, Швајцарија, Косово, Канада, Грција и од Норвешка, кажа Маринка Акрап, директорка на корпотивен маркетинг и на комуникации во „Подравка“. 

Од сите предлози, избрани се 60 победнички дизајни и нивните креатори ќе бидат посебно наградени. Сите пристигнати предлог дизајни ќе бидат испечатени на стакленката и ќе бидат во продажба од оваа есен на пазарите на кои се одвиваше роденденската кампања.  

Списокот на наградени креатори и на дизајни можете да го погледнете тука. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...