На 5 октомври, дисконтниот синџир „Стокомак“ отвори нов маркет во Куманово. Ова е 73 објект во малопродажната мрежа.
На површина од 1.100 м², потрошувачите може да ги набават омилените производи од асортиман со околу 1.600 артикли. Во маркетот достапни се прехранбени и непрехранбени производи, свежо месо, овошје и зеленчук, свежи салати и сл.
За добрата услуга се грижат 10 вработени, а достапни се 4 наплатни каси. За сигурно и пријатно пазарење, на потрошувачите на располагање им се 40 паркинг-места.
Дополнително, на крајот на август, трговецот отвори уште еден маркет и тоа во Чаир. Површината на маркетот е 822 м² каде што се поставени 4 наплатни каси. Во маркетот се вработени 9 луѓе, а за потрошувачите достапни се 20 паркинг-места. И овој маркет располага со асортиман од околу 1.600 производи.
Се стремиме да ги исполниме очекувањата и потребите на нашите потрошувачи, овозможувајќи им уште полесен пристап до производите што им се потребни. Во таа насока, во план се нови 4 маркети до крајот на годината. Новите маркети се со повисоки стандарди, овозможувајќи пологем комфор при пазарување по препознатливи ниски цени за нашата компанија. Исто така, во делот на модернизација на условите на продажните места, се грижиме и за олеснување на процесите на работа и за нашите вработени, изјавија за InStore од „Стокомак“.
Фото: „Стокомак“ - Куманово
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.