Прехранбената индустрија „АЦ фуд“ потпиша договор со црногорската компанија „Плус“ д.о.о за дистрибуција на своите производи во Црна Гора.
Извозот почна на 15 јуни, со што производите на „АЦ Фуд“ стигнаа на црногорскиот пазар во неколку клучни категории како што се бисквити, крем намази и кекси.
Почетниот асортиман е внимателно избран според специфичностите на конкретниот пазар и потребите на потрошувачите, односно на големиот број туристи кои годишно ја посетуваат Црна Гора. Секако дека освојувањето нови пазари е олеснето со ИФС сертификацијата што „АЦ фуд“ успешно ја спроведе минатата година, соопштија од компанијата.
Партнерската компанија „Плус“ д.о.о, пак, од Подгорица е ексклузивен увозник на реномирани светски брендови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.