Агенцијата за лицинцирање на стечајни управници ја објави првата продажба на имотот на компанијата за производство и преработка на зеленчук, овошје и месо, „Будимка“ АД од Пожега, Србија.
Фабриката е во стечај.
Имотот се продава на јавно наддавање, а почетната цена е 560 милиони динари. Компанијата поседува производствен комплекс за преработка на овошје и зеленчук, кланица и деловни простории во Пожега.
Јавното наддавање е закажано за 11 јуни. Според одговорниот стечаен управник, досега има 24 заинтересирани субјекти за купување на „Будимка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.