„Нестле“ објави нови именувања во управувачкиот тим на компанијата, при што Дејан Маслинко е новиот комерцијален директор за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово.
Лаурентиу - Флорин Димитриу е нов генерален директор на „Нестле“ за Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Нели Ангелова е именувана на позицијата раководител на комуникации за пазарот на Југоисточна Европа(Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Романија).
Маслинко својата кариера во „Нестле“, долга 21 година, ја почнал во секторот „продажба“ во Македонија. Од 2013 година се занимавал со развој на работењето на компанијата во Македонија, Црна Гора и Косово. Од компанијата соопштија дека сите области за кои бил задолжен, во овој период покажале стабилен раст и зголемен профит, придонесувајќи за развојот на „Нестле“ во регионот.
Димитриу ја градел кариерата во Романија во последните 19 години. Почнал како национален менаџер за продажба за сите подрачја од работењето на компанијата. Потоа ги ги поминал сите водечки позиции во одделот продажба. На новата функција доаѓа од позицијата извршен директор за продажба на романскиот пазар.
Ангелова има повеќе од 26 години работно искуство во „Нестле“. Била одговорна за кулинарскиот сектор и значително придонела за развој на кулинарскиот асортиман во Бугарија. На истата функција поминала една година и во компанијата „Нестле Адриатик“. На новата функција доаѓа од позицијата ракободителка на корпоративни комуникации за Бугарија.
Од компанијата соопштија дека Маслинко, Димитриу и Ангелова со своето богато искуство на раководни места, со натамошно развивање на работењето и вложувањата во чевечки потенцијал, максимално ќе го поместат потенцијалот на пазарот на Југосисточна Европа и ќе постигнат уште подобри деловни резултати.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.