Регион

Хрватите ќе извезуваат млеко и млечни производи во Кина

16 Apr 2019

Хрватски компании ќе извезуваат млеко и млечни производи на големиот кинески пазар. 

Тоа е овозможено со протокол меѓу Министерството за земјоделство на Хрватска и царинската управа на Кина, пренесе „Јутарњи лист“. 

Извозот на трајни млечни производи на кинескиот пазар е значајна деловна можност за нас, бидејќи и сега 17 отсто од волуменот на преработеното млеко го пласираме на извозни пазари, велат од компанијата „Дукат“.

Постапката за отворање на кинескиот пазар за хрватските преработувачи на млеко почна уште во 2013 година, а заврши минатата година кога во Хрватска престојуваше кинеска инспекција за млеко која посети десетина компании, заинтересирани за извоз на млеко и млечни производи во Кина. Компаниите ја увериле кинеската инспекција дека имаат систем кој осигурува дека сировото млеко потекнува од здрави краво, овци и кози. Вкупно 96 отсто од сировото млеко во Хрватска спаѓа во прва категорија по квалитет.

Млечните производи кои Хрватска ќе ги извезува во Кина опфаќаат: пастеризирано, стерилизирано, модифицирано и ферментирано млеко, топено сирење, дехидрирана млечна маст, млеко во прав, сирутка во прав, говедски колуструм во прав, млечни формули за доенчиња и други производи.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...