Регион

Словенија воведе најстрог правилник во светот за ограничување на транс - мастите

02 Apr 2019

Словенија усвои Правилник кој ги регулира максимално дозволените количини на транс-масти во намирниците. 

Транс-мастите припаѓаат на групата лоши масти кои се штетни за човечкото здравје, особено за срцето и за крвотокот. Најголем извор на лоши масти е маслото што се користи во индустријата за брза храна, пржена храна, полуготови јадења и некои пекарски производи. Транс-масни киселини во голема мера има во помфрит, чипс, во пржена храна, во имитации на сирење и на маргарин...

На почетокот на април заврши едногодишниот период кој Словенија им го даде на трговците да ги распродадат залихите на производи. Прехранбени производи со висок удел на транс-масти веќе нема да може да се продаваат. 

Според новиот Правилник, максимално дозволената количина е 2 грама на 100 грама вкупна содржина на масти. Станува збор за најстрог Правилник во светот, бидејќи ограничувањето не се однесува само на намирниците, туку и на сировините за нивното производство, на оброците во рестораните, на производите во слаткарниците, пекарниците и во сите угостителски објекти. Доколку Правилникот не се почитува, производот или сировината ќе биде повлечена од употреба, а правното лице ќе биде казнето со парична казна од најмалку 2.000 евра. 

Намалување на транс-мастите во исхраната е стратешка цел на словенечката национална програма за исхрана и физичка активност за здравје за периодот 2015-2025 година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...