Регион

Две банки се противат имотот на „Меркатор“ да се пренесе на „Фортенова груп“

06 Mar 2019

Две словенечки државни банки, „Сид банка“ и „Адбанка“ се противат на преносот на имотот на „Меркатор“ на „Форетнова груп“.

„Фортенова груп“ од неоадмна е новото име на хрватската компанија „Агрокор“.

За пренос на „Меркатор“ на „Форетнова груп“ мора да се согласат сите 55 банки, доверители на словенечкиот трговец. Следен чекор е одобрение од словенечката Агенција за заштита на пазарот и решавање на прашања на малцинските интереси, што се смета само за формалност што бара време. Со тоа, преносот на „Меркатор“ би можел да бидфе завршен до крајот на оваа година. Паралелно со оваа активност, ќе се следи и движењето на сопствеништвото во „новиот Агрокор“. Од 1-ви април, акционерите во „Фортенова груп“ ќе можат формално да почнат да ги продаваат своите акции, иако некои од нив тоа веќе го направија меѓусебе.

Од финансиските институции се очекува со тек на време да ги продадат своите акции на новата групација, што зависи од вредноста на акциите во одредена сопственост, но и од интерните процеси во банките.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...