Регион

„Кока -Кола“ ja купува српската компанија „Бамби“

19 Feb 2019

Компанијата „Кока-Кола ХБЦ АГ“ почна процес за аквизиција на водечката српска кондиторска компанија „Бамби“ од фондот „Мид Европа Партнерс“. Вредноста на зделката е 260 милиони евра.

Се очекува аквизацијата да биде завршена во вториот квартал на 2019 година. Со тоа, компанијата „Бамби“ ќе добие нови можности за развој во Србија и во регионот, како и за воведување дополнителни категории производи.

Зоран Богдановиќ, главен извршен директор на „Кока кола ХБЦ АГ“, изјави дека оваа аквизација е можност да се создаде дополнителна вредност за компанијата, за нејзините клиенти и за акционерите.

Во нашето постоечко портфолио на водечки брендови на напитоци ќе додадеме добро познати, комплементарни брендови, како и иновативни вештини и знаења за купувачите. Ова дополнително ќе ја зацврсти нашата релевантноста на пазарот и односот со купувачите и ќе ни даде можност да го зголемиме нашето присуство во клучните прилики за конзумација, рече Богдановиќ.

Од Coca Cola велат дека значителна вредност на „Бамби“ е тоа што има силна дистрибутивна мрежа, како и разладувачка дистрибуција во стратешки важен канал.

Брендови на оваа компанија се Bambi, Plazma, Wellness, Zlatni pek, Josh.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...