Регион

Хрватски „Певец“ ги зголеми платите, дава бонуси за Божиќ и за новороденче

07 Feb 2019

Хрватскиот синџир маркети „Певец“ ги зголеми платите на работниците и во јануари тие беа за 11 отсто повисоки од платите исплатени во декември минатата година, соопштија од компанијата.

Ако се исполнат плановите, минималната плата на вработените во „Певец“ од следната година ќе изнесува 5.000 куни, или околу 670 евра.

Покрај тоа, синџирот маркети го зголеми божиќниот бинус за вработените на 1.500 куни (околу 200 евра) и надоместот за новороденче го зголеми од 3.300 куни на 4.000 куни (околу 540 евра).

Освен бројните бенефиции за нашите вработени, како бонус, регрес, надомест за новороденчињата, треба да се истакне и дека платите на работниците во „Певец“ се над просекот во нашата индустрија. Гледаме долгорочно и свесни сме дека целите на компанијата можеме да ги оствариме само со задоволни работници, изјави Јурица Ловринчевиќ, претседател на Управата на „Певец“.

Минатата година, овој трговски синџир им исплати дивиденда на своите акционери, и тоа во висина од 80 милиони куни или по 61 куна за акција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...