Регион

Дали ќе се продава „Конзум“?

22 Jan 2019

Додека се решава прашањето за иднината на „Агрокор“, останува отворено и прашањето за иднината на „Конзум“, кој и покрај ситуацијата, продолжува да остварува резултати.

Го чекаме расплетот на ситуацијата на „Агрокор“. Не верувам дека единствено ние сме заинтересирани, но верувам дека за преземањето на „Конзум“ ќе бидеме најподготвени, изјави Миле Ќурковиќ, сопственик и претседател на Управата на „Плодине“.

Според него, не станува збор само за финансии бидејќи за преземање, компанијата треба да биде подготвена кадровски, организациски, логистички, а сето тоа „Плодине“ веќе го има. Тој додава дека тој што ќе успее да го купи дефинитивно ќе биде главен на хрватскиот малопродажен пазар и веќе никој не ќе може да го престигне.

А тоа е нашата цел, да бидеме први на хрватскиот пазар, истакна Ќурковиќ по повод одбележувањето 25 години успешно работење на компанијата.

По јавната објава на намерата се огласија од „Агрокор“: Во „Агрокор“ сигурно не се разгледува продажбата на „Конзум“, за тоа воопшто не се размислува.

„Плодине“ е најголемата компанија во Приморско-Горанската жупанија, а на топ-листата трговски синџири во Хрватска е на второто, односно третото место со удел меѓу 10 и 20%, како и „Лидл“ и „Кауфланд“, додека „Конзум“ и понатаму е на првата позиција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...