Се продава претпријатието „Навип винарство" Д.О.О. Врање, како и движниот и недвижен имот на „Навип" АД Белград.
Двете претпријатија се во стечај. Нивната вкупна проценета вредност е 150 милиони српски динари, без пресметан данок.
Поединечно, вредноста на „Навип винарство" е 1,4 милиони динари, а на белградски „Навип" е 148,5 милиони динари. Од тоа, највредни се објектите, околу 90 милиони динари. Опремата за прием, цедење и транспорт на грозје, резервоарите за ферментација и останатата опрема се проценети на вкупно 50,8 милиони динари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.