Регион

Два нови објекти „Гомекс“

27 Aug 2018

Во рамките на трговскиот синџир „Гомекс" од петокот работат уште два малопродажни објекти – во Земун и во Мраморак.

Малопродажниот објект „Земун кеј" е лоциран на атрактивно место, непосредно покрај шеталиштата Дунавски и Земунски кеј. Продавницата се простира на продажен простор од 280 м2и расплага со 3 каси. Во оваа продавница вработени се 14 нови работници.

Минимаркетот „Мраморак", отворен во истоименото место во близината на Панчево и Ковин, се протега на продажна површина од 190 м2 и располага со две наплатни каси. За услугата се грижи тим од шест нови работници, кои успешно ја завршија обуката во тренинг-центарот „Гомекс" во Зрењанин. Точната адреса на новиот објект е Жарко Зрењанин, бр. 69, а понудата опфаќа речиси 3.000 различни артикли.

Особено сме горди што и во овие продавници ќе имаме можност на потрошувачите да им ги понудиме бројните производи од нашите приватни трговски марки: 1/1, Uvek Treba, Panoni, Kvak и Graničar. Реакциите на тие што се уверија во квалитетот и во достапните цени на месото и на месните производи од линијата Graničar, особено колбасите, се исклучително позитивни, истакнуваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...