Трговскиот синџир „Туш" во средата отвори нов објект во населбата Нова Церкев, општина Војник.
Објектот се простира на 120 квадратни метри и нуди приспособен асортиман, а располага и со посебни оддели за леб, овошје и зеленчук, спакувано месо и деликатеси.
Маркетот во Нова Церкев е приспособен на локалните потреби и барања на купувачите. Наша желба е да им го понудиме најдоброто можно искуство, порачува трговецот.
Овој маркет е вториот новоотворен месецов, по објектот отворен на 1 август на Побережје во Марибор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.