Во центарот на Загреб, на улицата Илица, бр. 42, на 14 јуни беше отворена 100. продавница „Бипа" во Хрватска.
Повеќе од 150 гости, колку што беа присутни на свеченото отворање, имаа можност да се запознаат со новиот концепт за убавина, прв на хрватскиот пазар – „Бипа бекстејџ".
Асортиманот на јубилејната „Бипа", која се простира на површина од 300 квадратни метри, се состои од богат избор од хрватски и интернационални брендови. Како што се истакнува во соопштението на компанијата, отсега купувачите, со претходна и едноставна резервација на термин, ќе можат на едно место да ги направат сите ритуали за убавина – од шминкање, до различни третмани за нега и разубавување.
„Бипа бекстејџ" не е само 100. продавница во Хрватска, туку и предводник на новиот концепт за убавина. Проектот го развивавме подолго од половина година и на крај, успеавме во центарот на Загреб, на едно место да ги споиме богатата понуда од брендови, искусните експерти за убавина и водечките имиња за дизајн на ентериер, истакна на денот на отворањето Маркус Гајар, генерален директор на „Бипа" – Хрватска.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.