Регион

„Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп

14 Jun 2018
Компанијата „Мегле" потпиша договор за соработка со еден од најголемите меѓународни доставувачи на процесна технологија за прехранбената индустрија - ГЕА.
 
Вредноста на инвестицијата е околу 6,1 милиони евра, а се однесува на автоматизација и модернизација на откупот на млечните суровини и подобрување на квалитетот и сигурноста на крајниот производ.
 
Со оглед на тоа што суровото млеко за идната преработка мора да биде свежо и со висок квалитет, дигиталниот автоматизиран начин за откуп ќе овозможи посигурни услови за чување.
 
„Мегле" води сметка за потеклото на суровините и врши откуп на млеко исклучиво од фарми каде што кравите пасат на 500 м надморска височина, таквиот стандард на квалитет, според мислењето на компанијата, треба да биде следен и со модерна технологија.
 
Повеќето наши фарми се наоѓаат на планински предели, што овозможува висок квалитет бидејќи на планина има повеќе кислород, ароматични и лековити растенија, а кравите можат да пасат повеќе од 180 дена годишно. Оваа инвестиција ќе обезбеди подобри услови за чување на суровините и дополнително да придонесе за здравствените придобивки на нашите производи, изјавија од компанијата „Мегле" и додаваат дека со оваа инвестиција ќе овозможат подобра иднина на производството на млеко за сите наредни генерации. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...