Регион

„Нектар“ со линија за иновативни пакувања

13 Jun 2018
Компанијата „Нектар" во Бачка Паланка, во средината на јуни, пушти во употреба најсовремена линија од „Тетра пак" за производство на два вида модерни и иновативни порциски пакувања за носење.
 
Инвестицијата во новата линија изнесува 1,5 милиони евра и претставува чекор понатаму во развојот на најразлични категории на производи во мали пакувања, во склад со светските трендови, соопштија од „Нектар". 
 
Новата линија Tetra Pak 13/Compact Flex дава максимална флексибилност, овозможувајќи ѝ на компанијата да го ротира производството меѓу различните пакувања. На српскиот пазар меѓу првите во Југоисточна Европа е претставена иновативната амбалажа Tetra Brik Aseptic Slim Leaf од 200 ml. 
 
„Нектар" веќе полни 20 години се труди на целиот регион да му понуди нови, поинакви, иновативни и, најважно, квалитетни производи. На овој начин прво на пазарот во Србија, а потоа и во регионот ќе понудиме различни категории на производи во иновативни формати на пакување, погодни за живот во движење – изјави Михајло Јанковиќ, директор на групацијата „Нектар". 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...