Регион

Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“

21 May 2018
На 14 мај, во Подгорица, на ексклузивен простор, претставен е новиот концепт на дрогеријата „Куќа хемије ексклузив".
 
Од денес Подгорица е побогата за едно ново ексклузивно место, место кое досега сте можеле да го видите само во големите метрополи. Сигурен сум дека „Куќа хемије ексклузив" ќе ги задоволи високите очекувања на љубителите на модата и шминките, изјави Петар Мугоша директор на компанијата.
 
Објектот се наоѓа на старото место, на бул. Св. Петар Цетињски, а новиот концепт подразбира модерно опремен простор каде што пазарувањето е подигнато на повисоко ниво. Дрогеријата на своите купувачи им нуди широк асортиман, тренди производи, стручен и едукативен персонал, како и широка лепеза на производи со атрактивни цени. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...