Компанијата „Универекспорт“ го отвори својот прв продажен објект во Деспотовац, на адреса Вуле Поповиќ 1-3.
Продавница која се протега на површина од 400 квадратни метри вработува 12 лица. Во неа на потрошувачите им се нудат над 4.000 производи од кои посебно се издвојуваат производите од приватните трговски марки на компанијата, Baš Baš, Daj Daj и Naše Najbolje.
По повод отворањето „Универекспорт“ подготви бројни погодности за првите купувачи. Па така за купувачите беа подготвени 100 подарок пакети и 100 торби, додека за секој 50 купувач купувањето беше бесплатно. Од 27 март до 9 април само во овој објект ќе биде достапна специјална акција која вклучува широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, додека до 2 април ќе важи специјалната акција во рамките на која потрошувачите со купувањето на деликатесите Bačka во вредност од 499 динари ќе добијат за подарок садови Bačka.
Дополнително, објектот нуди редовни неделни промоции секој петок и бројни други активности, како и специјален попуст од 15% за пензионерите при купување на 10-ти и 25-ти секој месец.
„Универекспорт“ продолжува да ја шири својата мрежа на капацитети, обезбедувајќи им на потрошувачите низ Србија квалитетни производи, пристапни цени и врвна услуга, велат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Универекспорт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.