Трговскиот синџир „Гомекс“ продолжува со ширењето на својата малопродажна мрежа и унапредувањето на постојните продажни објекти со отворање на нова продавница во населбата Лјутово, како и повторно отворање на реновираната продавница во Бачко Петрово село.
Во населбата Лјутово, на адреса Слободан Принци Селје 1, отворена е нова продавница на „Гомекс“ која се протега на 117 квадратни метри и во која се вработени седум лица. На купувачите во овој објект на располагање им е широн асортиман на прехранбени и други производи со поволни цени и преку бројни акции.
„Гомекс“ го реновира и својот маркет во Бачко Петрово село, на адреса Дожа Џерѓа 1. Новиот ентериер и унапредениот продажен простор придонесуваат за уште попријатно искуство во купувањето, додека продавницата продолжува со работа по редовно работно време.
На денот на отворањето на објектите биле подготвени посебни поволности за потрошувачите. На сите купувачи им беше достапен попуст од 10% на целата сметка, додека секој педесетти, стотти, двестотти и тристотти купувач добија специјални награди.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.