Српската влада одлучи да ја укине одлуката за квантитативно ограничување на увозот на земјоделски и прехранбени производи.
Во март 2024 година беше донесена одлука за привремена забрана увоз на рафинирано сончогледово масло и маргарин, а во текот на изминатата година неколкупати беше обновувана одлуката за привремена забрана за увоз на дрвени пелети, последен пат во декември.
Како што беше најавено тогаш, ограничувањето на увозот за овие земјоделски и прехранбени производи (масло за јадење и маргарин) ќе важи девет месеци, во висина од просечниот увоз во претходните четири години. Одлуката е донесена, како што тогаш се наведуве, за да се заштити домашното производство.
Извор: eKapija
Фото: Принтскрин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.