Регион

Србија: „Универекспорт“ го отвори својот прв маркет во Крагуевац

27 Feb 2025

Компанијата „Универекспорт“ го отвори својот прв малопродажен објект во Крагуевац, на Шиме Марковиќ 67. Ова е воедно 207-ма продавница во малопродажната мрежа на „Универекспорт“.

Продавницата, која се простира на површина од 1.300 метри квадратни и вработува 28 работници, на потрошувачите им нуди асортиман од повеќе од 9.000 артикли.

Асортиманот вклучува и производи од сопственото домашно производство на трговецот, кое вклучува свежо месо и месни производи од брендот Bačka  , органски производи од Organa  , пршута и вино од брендот Vučurević  , како и брендовите  Baš Baš, Daj Daj и Naše najbolje.

По повод отворањето за првите купувачи беа подготвени 100 пакет подароци и 100 торби, додека секое 100-то купување на денот на отворањето беше бесплатно.

Дополнително, „Универекспорт“ на денот на отворањето подготви дегустација на деликатеси од брендот Bačka  , додека до 26 февруари за сите набавки на Bačka  деликатеси во вредност од над 499 динари, потрошувачите ќе добијат подарок садови за храна Bačka.

„Универекспорт“ и понатаму останува посветен на стратегијата за проширување, со цел преку широкиот асортиман и квалитетна услуга да им се приближи на што поголем број на купувачи во сите делови низ Србија, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Универекспорт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...