Производите од асортиманот на „Лидл“ освоија 62 златни признанија за квалитет во секторите за пекарство, слаткарство и тестенини, кои ги доделуваат Комората за земјоделски и прехранбени претпријатија во Стопанската комора на Словенија.
Меѓу наградените 36 производи кои ја освоија наградата „Одличен пекарски производ“, шест производи ја освоија наградата „Тестенини со одличен квалитет“, пет производи добија награда „Одично свеж колач“ и четири производи ја добија наградата „Тесто со одличен квалитет“.
Меѓу пекарските производи што го освоија признанието „Одличен пекарски производ“, дури 11 го добиваат ова признание петтата година по ред, со што го заслужија јубилејното признание „Ѕвезда со одличен квалитет“.
Доделените златни признанија се резултат на долгорочната соработка на „Лидл“ со локалните добавувачи, компаниите: „Жито“, „Млинотест“, „Пекарница Пеџак“, „Састела“, „Кондитор“, „Дон Дон“ и „Пекарница Башковиќ“, со кои заедничи развиваат рецептури.
Меѓу наградуваните пекарски производи, пекарите на „Лидл“ оваа година се различни видови колачи, векни леб и погачи до солени и слатки колачи. Златното признание за одлични пекарски производи добиле 36 производи, меѓу кои класичниот селски црн леб, белиот сечен леб, кајзериците, рустикалните бели векни леб и леб за скара, изјави Грегор Кутњак, раководител за набавка на пекарски производи во „Лидл“ – Србија.
Извор: InStore.rs
Фото: МП продукција
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.