Во оваа пригода презентираме дел од податоците од базата на Adria TGI поврзани со потрошувачката на мелено кафе на пазарите во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Србија. Анализирајќи ја оваа категорија, на четирите прикажани пазари гледаме дека најголем процент на мелено кафе се консумира во Србија 78% и Хрватска 76,6%, додека најмал процент на корисници од оваа категорија има во Словенија, 73,7%. Вкупно, на овие четири пазари, има 9,1 милиони корисници од оваа категорија.
Секогаш е интересно за една категорија производи да се види релативното учество на големите и умерени потрошувачи од таа категорија, односно сите оние што консумираат мелено кафе еднаш дневно или почесто. Најголем процент на големи и умерени консументи на мелено кафе има во Србија 69,6%,нешто помал процент има во БиХ(65,7%), додека најмал процент на големи и умерени консументи на мелено кафе има во Словенија (56,3%).Вкупно, на овие четири пазари, има 7,8 милиони корисници на меленокафе кои го консумираат еднаш дневно или почесто. Кога зборуваме за брендовите на мелено кафе што најмногу се користеле во претходните12 месеци, може да се забележи дека на пазарите во Србија и Босна и Херцеговина Grand е бренд со најголем број корисници, на хрватскиот пазар тоа е Franck, а во Словенија Barcaffé. Ако ги погледнеме овие четири пазари заедно, брендот Grand има најголем број корисници, што го прави најпопуларен бренд во категоријата. Вкупно, 2,3 милиони граѓани во овие четири држави го користеле меленото кафе Grand во последните 12 месеци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.