Регион

Хрватска: „Шпар“ отвори нов супермаркет во Осиек

16 Jan 2025

Трговскиот синџир „Шпар“ продолжи со ширењето на својата малопродажна мрежа со отворањето на новиот супермаркет во населбата Ретфал, во Осиек.

Супермаркетот се протега на површина од 878 квадратни метри и се наоѓа во новоизградениот малопродажен парк „Ретфал нова“, на адреса Свилајска 35 б.

Во понудата на супермаркетот е широк асортиман на производи кои вклучуваат свежо месо и риби, печива, овошје, зеленчук, како и готвени јадења. Во понудата исто така може да се најдат и производите на „Шпар“,  Veggie, Spar Free From, Vital, Rubin и Splendid.

На потрошувачите во продавницата на располагање им се четири самоуслужни каси, како и бесплатен паркинг со 210 места.

Во супермаркетот се вработени 27 лица, а по повод отворањето на компанијата донираше 2.000 евра на противпожарното друштво „Рефал“.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Шпар“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...