Регион

Црна Гора: Приходите од продажбата на пластични ќеси надмина 100.000 евра

30 Dec 2024

Според обработените една третина од извештаите на Агенцијата за заштита на животната средина,  приходите од продажба на пластични ќеси во продавниците во Црна Гора за само еден месец надминале 100.000 евра.

Од Агенцијата посочуваат дека по обработката на комплетната документација, парите ќе ги проследат до Еко фондот кој со овие пари ќе финансира кампања за штетноста од употребата на пластичните кеси за животната средина.

Согласно законот за управување со отпад, во Црна Гора повеќе од два месеци официјално е забранета употребата на пластични ќеси и амбалажа за еднократна употреба.

Дозволена е продажба само на подебели кеси од 50 микрони, а според Правилникот што го придружува законот, дефинирано е дека трговците се обврзани да платат надомест од 0,03 центи и да ја известат Агенцијата за заштита на животната средина за продадената сума. Како што соопштија од Агенцијата, досега се пристигнати 150 пријави и донесени се 53 решенија.

 

 

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...