Регион

Словенија: „Атлантик груп“ инвестира 10 милиони евра во модернизација на фабриката „Донат“

10 Dec 2024

Откако минатата година на покривот на фабриката „Донат“ во Рогашка Слатина беше поставена најголемата соларна централа на „Атлантик груп“, групацијата неодамна почна со проект за реконструкција на најстариот дел од оваа фабрика.

Како дел од проектот ќе се модернизира технологијата што моментално се користи во фабриката, а ќе се воведе и нова производна линија.

Реконструкцијата, чија вредност е 10 милиони евра, е дел од пошироката стратегија за модернизација, чија цел е зголемување на капацитетите и подобрување на производството на нови производи. Завршувањето на првата фаза од проектот се очекува во мај 2025 година, додека втората фаза треба да биде завршена во 2026 година, соопштија од компанијата.

Реновирањето на фабриката „Донат“ е клучен дел од нашата стратегија за модернизација и зголемување на капацитетите, бидејќи ќе ни овозможи да произведуваме поефикасно и поквалитетно. Првата фаза од реконструкцијата се очекува да биде завршена до мај 2025 година. Целосното реновирање ќе овозможи усогласување со најновите стандарди и ќе обезбеди современ работен простор за нашите вработени, изјави Дарја Тержан, извршен директор на бизнис сегментот „Донат“ во „Атлантик група“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...