Регион

Ново зголемување на платите на работниците во „Подравка“ и „Белупо“

10 Dec 2024

По воведувањето на новиот систем на плати на крајот на минатата година, „Подравка“ најави ново покачување на платите на работниците, воедно шесто покачување на платите во претходните три години.

Преговарачките тимови на „Подравка“ и „Белупо“ и репрезентативните синдикати - Синдикатот ППДИВ, Самостојниот синдикат „Подравка“ и Синдикатот на работниците концерн „Подравка“ - СИНПОД, завршија уште една рунда преговори за измени на Колективниот договор на групацијата „Подравка“.

Со постигнатиот договор основната бруто-плата на сите работници ќе биде повисока за 90 евра, а зголемениот износ дополнително ќе се зголеми за три отсто. Со тоа најниските плати на работниците ќе се зголемат за 13,4 отсто или за околу 119 евра бруто. Истовремено, платите на работниците со највисоки плати ќе се зголемат за околу шест отсто, односно 182 евра бруто-плата.

Со новото зголемување на платите, просечната плата на работниците во однос на декември 2021 година порасна за околу 63%.

Порастот на платите на работниците е еден од најважните приоритети на оваа Управа. Тоа многу јасно го докажавме преку силно зголемување на платите во изминатите три години. Од 1 јануари платите на работниците во „Подравка“ и „Белупо“ во просек се зголемуваат за 9,3%. Ова е нов чекор во подобрувањето на материјалната положба на нашите работници, истакна при потпишувањето на Анексот на Колективниот договор, претседателката на Управниот одбор на „Подравка“, Мартина Далиќ, заблагодарувајќи им се на сите синдикални претставници за нивниот ангажман и соработка.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...