Регион

Србија: Отворен нов хипермаркет на „Мега Макси“ во Нови Сад

06 Dec 2024

На местото на некогашното Темпо во Нови Сад, после три години повторно е отворен хипермаркетот „Мега Макси“ на трговскиот синџир „Делез“ – Србија.

Продавницата се протега на површина од 2.500 квадратни метри и нуди широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи распоредени во неколку тематски целини.

Така, на самиот влез во продавницата, купувачите ги очекува зоната „Мега базар“, која нуди широк и разновиден асортиман на најатрактивните производи сезонски производи, потоа зоната „Мега сејвингс“ , каде има артиклите со најдобри промотивни понуди, како и како производи од приватна трговска марка,   достапни на едно место. Зоната на свеж асортиман е резервирана за овошје и зеленчук на, како и деликатеси, месо и сирења на месарницата „Макси“ и печива на пекарата „Макси“. Тука е и зоната „Мега здраво“, каде што е достапен широк спектар на производи на Nature's Promise. Меѓу бројните прехранбени и непрехранбени артикли може да се најдат и детски производи, средства за лична хигиена, додека во одделот „Мега клин“ во понудата има производи за домаќинството.

Во продавницата работат речиси 100 вработени, а на потрошувачите на располагање им се седум стандардни и 10 самоуслужни фискални каси, како и паркинг со над 300 места.

По повод отворањето на хипермаркет во Нови Сад, компанијата се вклучи во акцијата на гадот „Засадуваме сега за иднината на Нови Сад“. Вработените во компанијата, со поддршка на „Градско зеленило“ во оваа прилика засадија 30 садници, придонесувајќи за зазеленување на овој индустриски дел од градот.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...