Републичкиот завод за статистика на Србија соопшти дека прометот во малопродажбата во октомври годинава со тековните цени бил зголемен за 5,3 %, а според постојани цени за 3,4%.
Прометот во трговијата со храна, пијалаци и тутун во октомври годинава во однос на октомври 2023 година имал пораст за 7,9% во тековните и 2,5% во постојани цени.
На месечно ниво, во октомври годинава прометот бил зголемен за 5,6% во тековните и за 5% во постојани цени.
Исто така, прометот на во трговијата со храна, пијалаци и тутун на месечно ниво бележи раст за 3,6% во тековни и 3% во постојани цени.
Доколку се споредат првите десет месеци за 2024 година со истиот период од 2023 година, прометот со стоки во малопродажата по тековните цени е зголемен за 10,3%, а по постојани цени за 6,3%.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.