Во Крагуевац свечено беше отворена фабриката „Пуратос“, во присуство на претставници на компанијата, претставници на Владата на Република Србија, локалните власти и медиумите.
Инвестицијата вредна седум милиони евра дополнително го зајакнува присуството на компанијата во Србија и претставува важен чекор кон понатамошниот развој на локалната економија и индустријата на пекарски, кондиторски и чоколадни производи.
Новата фабрика обезбеди 15 нови вработувања, додека при изградбата беа ангажирани само домашни подизведувачи, соопштија од компанијата. Посебно внимание се посветува на одржливоста и еколошката одговорност. Фабриката е опремена со најмодерна технологија, која овозможува годишно намалување на потрошувачката на енергија еднакво на потрошувачката на 100 домаќинства во Србија.
Извор: InStore.rs
Фото: Миодраг Тодоровиќ
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.