Трговскиот синџир „Меркатор“ кој работи во рамките на „Фортенова група“, се откажа од преземање на „Енгротуш“
Партнерите на „Енгротуш“ остануваат фокусирани на долгорочен развој и успешно работење на компанијата и натамушните актувности ќе бидат насочени на наоѓање на можности за продажба на компанијата на сериозни купувачи, соопштуваат од „Туш холдинг“.
Минатата година на 15 ноември „Меркатор“ потпиша договор за купување на 100% од уделот во „Енгротуш“ без дејностите на дрогериите „Туш“, кои се во постапка на издавање. Постписниците тогаш изразија уверување дека спојувањето ќе постави „исклучителни“ темели на идниот раст на заедничките инвестиции и долгорочна одржливост во работењето. Според неофицијалните податоци трансакцијата била во вредност од околу 30 милиони евра.
Една година по потпишивањето истече рокот за продолжување на периот за екскулузивноста на договорот.
Продавачите навреме ги исполниле договорните обврски и условите за склучување на трансакцијата, но купувачот и покрај тоа не успеал да добие согласност од надлежниот орган за пазарна конкуренција, поради што наместо еднострано да го продолжи рокот, тој ги известил продавачите за повлекување од договорот, изјави Андраж Туш, директор на „Туш холдинг“.
Со потпишувањето на договорот започна постапката за добивање согласност од Агенцијата за заштита на конкуренцијата на Република Словенија. Меѓутоа, според „Форбс“ - Словенија, Агенцијата го препратила барањето до Европската комисија, која потоа го вратила предметот кај словенечкиот Народен правобранител. Кон крајот на август групацијата на „Фортенова“ повторно ја пријавила во Агенцијата за заштита на конкуренцијата, но досега не добила дозвола за преземање.
Во исто време, компанијата „Туш холдинг“ ја изрази својата загриженост поради фактот што во текот на постапката за „due diligence“ и трансакцијата, „Меркатор“ добила клучни информации за бизнисот на „Енгротуш“, кои на крајот може да ги искористи како конкурент на компанијата „Енгротуш“.
Ќе ги следиме нивните активности и доколку има потреба ќе покренеме соодветни процедури за заштита на „Енгротуш“, соопштуваат од компанијата.
Извор: Seebiz
Фото: „Меркатор“/„Туш“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.