Компанијата „Прима Нова“ го отвори својот 59 продажен објект под името „Златан траг“, на адреса Јашички пат, 10.
Новоотворениот објект кој има продажен простор од 900 квадратни метри е опремен според највисоките стандарди и поседува голем паркинг за потрошувачите.
Во објектот има голем избор и широк асортиман на производи од сите категории, меѓу кои има и свежо овошје и зеленчук, пекарски производи од сопствената пекарница, како и печено и свежо месо од домашните фарми.
Во продажниот објект можат да се најдат домашни и светски брендови, како и производи од приватните трговски марки TO! Fina и Hit.
Извор. InStore.rs
Фото: „Прима Нова“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.