Регион

Словенија: „Хофер“ за засилува борбата против фрлањето на храна

30 Oct 2024

Со цел да ги засили напорите против фрлањето на храна, „Хофер“, на Светскиот ден на храната донираше 27.900 евра на организациите кои работат на намалување на фрлањето на храна и донирање на вишокот на храна.

Со донацијата која што беше испратена  до 30 организации, на компаниите им се помага во покривањето на логистичките и останатите трошоци за проектот „Донирана храна“, а покрај тоа компанијата донираше и биоразградливи ќеси за испорака на донираните производи.

Покрај донациите, „Хофер“ континуирано работи на намалување на фрлањето на храна преку различни иницијативи.

Компанијата редовно ги намалува цените на производите пред истекот на рокот на трањето, со цел да се продадат што повеќе, додека вишоците на храна од сите 93 продавници ги донира на социјално загрозените групи, донирајќи просечно во еден месец околу 200 тони храна за околу 20.000 луѓе.

Покрај тоа, компанијата соработува со ресторанот „Неја грил“, кој подготвува рецепти за храна од остатоците од храна, со цел да се поттикнат купувачите да го намалат фрлањето на храна.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...