Трговскиот синџир „Гомекс“ отвори нов маркет во Ниш, во населбата Пантелеј, на адреса Радоја Домановиќ, бб.
Маркетот кој се протега на површина од 198 квадратни метри, нуди широк асортиман на производи, а за услугата на купувачите ќе бидат задолжени седум лица. На купувачите на располагање им е пекарница, со свеж леб и печива, како и богат избор на свежо овошје и зеленчук.
По повод отворањето на маркетот, трговскиот синџир подготви промотивни акции, дегустации и подароци, а за секој стоти купувач било подготвено посебно изненадување. На денот на отворањето сите купувачи можеа да искористат попуст од 10% на целата сметка.
Со отворањето на овој продажен објект, „Гомекс“ дополнително го зацврстува присуството во Ниш, нудејќи им на купувачите модерен простор, разновидни производи и високи стандарди на услугата за пријатно и секојдневно купување, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.