Регион

Словенија: „Лашко унион“ одбележа 160 години од своето работење

15 Oct 2024

Пиварницата „Лашко унион“ одбележа 160 години од своето работење и 10 години од основањето на пиварницата „Унион“.

Приказната на пиварницата започна во 1864 година, кога децата на тогашниот политичар и претприемач Јохан Кослерј, младиот Јохан, Јозеф, Петер и Марија наследиле семејно богатство и одлучиле да основаат пиварница.

Од скромните почетоци во 1864 година, пиварницата остана симбол на иновациите, традицијата и врвниот квалитет. Во текот на 160 години преживеавме многу историски пресврти, технолошки трансформации и промени во пивските навики, но останавме верни на нашата мисија, да создаваме врвни пива кои поврзуваат генерации. Почитувајќи ја традицијата и насоките кон одржливиот развој, иновациите и исклучителноста, гледаме во новата ера на пиварството, соопштуваат од компанијата.

Покрај одбележувањето на 160 години од работењето, компанијата исто така одбележа 10 години од постоењето на пиварницата „Унион“, која од основањето станува дел „незаменлив дел од љубљанската пивска и кулинарска сцена“.

Во оваа прилика пиварницата најави и планови за изградба на „Градска пиварница“ каде што посетителите можат да се запознаат со процесто на производство на пиво и да пробаат екслузивни пива.

Остануваме посветени на локалната заедница, на одржливите практики и збогатената понуда која ќе ги одушеви сите кои го ценат автентичното и одговорното уживање, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лашко Унион“/„Линкедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...